Не можеше веќе да гледа, селекторот на Луксембург на десет минути пред крај го напушти мечот со Португалија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Луксембург веќе не е репрезентација која служеше за поправање на гол разлика, но синоќа потсети на тие неславни денови.

Во својата група Луксембург има собрано дури десет бодови од шест натпревари, имаат четири повеќе од селекциите на БиХ и Исланд. Пред нив се само Португалија и Словачка.

Поради нивните добри резултати, синоќешниот пораз од Португалија беше посебно болен.

Селекторот Лук Холц си замина од клупата и влезе во соблекувалната во 83. минута при резултат од 8-0. До крајот се играа уште десетина минути, а Португалија прими уште еден гол.

@2024 – Сите права задржани