Халил Умут Мелер
заврши во болница откако по крајот на синоќешниот натпревар помеѓу Анкарагучу и
Ризеспор, претседателот на домашниот тим се симна на теренот и го нокаутираше.
Во својот исказ
пред властите, судијата открил дека добил и закани по неговиот живот.
„Фарук Коца ме
удри под левото око, паднав на теренот. Додека лежев на теренот, ме удрија
неколку пати. Ме клоцаа по главата и другите делови од телото. Фарук Коца ми
рече, „Готов си“, потоа ми дофрли, „Ќе те убијам“. Ќе поднесам тужба против
Фарук Коца и сите други кои ме удираа. Нема да правам никаков компромис“ –
рекол Халил Умут Мелер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.