Екипата на Лестер ја заврши сезоната во Премиер лигата на разочарувачки начин и се пресели еден ранг подоле во Чемпионшип. Само неколку години по сензационалната шампионска титула, „лисиците“ сега повторно ќе се натпреваруваат во второлигашка конкуренција.
И покрај обидот да донесат нова енергија со ангажманот на холандската фудбалска легенда Руд ван Нистелрој, тимот не успеа да ја избегне испаѓање. Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, не донесе посакувани резултати на „Кинг Пауер“.
По неуспешната мисија, двете страни одлучија спогодбено да ги разделат патиштата, па Лестер сега ќе тргне во потрага по нов стратег кој ќе се обиде да го врати клубот во елитата, додека Ван Нистелрој останува без ангажман и слободен е за нов предизвик.