Не им е доволен Кејн, Баерн Минхен го сака и вториот најдобар стрелец во Бундеслигата!

by
1 минути читање

Изминатово лето, Баерн Минхен плати преку 100 милиони евра за да го ангажира Хари Кејн, Англичанецот одлично се прилагоди на новата средина и веќе постигна 21 погодок во Бундеслигата, и уште 4 голови во Лигата на шампиони.

Но раководството на „баварците“ сака уште помоќен напад и размислува за ангажман на Серху Гираси од Штутгарт, кој до овој момент има 17 погодоци и е втор стрелец во Бундеслигата.

Во неговиот договор има откупна клаузула од 18,5 милони евра која може да се активира во јануари, па затоа тој е атрактивен за многу гиганти како Милан, Манчестер јунајтед, Тотнем и Њукасл.

Но поради тоа што Серху Гираси ќе настапи на Африканскиот куп на нации, Баерн преферира да почека до следното лето и тогаш за 20 милиони евра да го донесе во своите редови.

Обично кога Баерн Минхен ќе посака играч од Бундеслигата, тешко е да му се каже не, останува да се види каков ќе биде изборот на Серху Гираси со оглед на тоа дека „баварците“ веќе го имаат Хари Кејн.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×