Не е се во парите: Трабзон со Салах прегазен во Унгарија!

by Стефан
1 минути читање

Трабзонспор ова лето направи голем трансфер со ангажманот на Мохамед Салах, но ниту таа голема инвестиција не му помогна на турскиот клуб да стигне до Лигата на Европа.

Турскиот гигант вечерва доживеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Ференцварош. Унгарскиот шампион славеше убедливо со 4-0 и со вкупни 5-0 го доби двомечот во плеј-офот.

Ференцварош од самиот почеток доминираше и создаваше шанси, а домаќините упатија повеќе од 20 удари кон голот на Онана. Работата за Трабзонспор дополнително се искомплицира во 19. минута, кога Малиновски доби директен црвен картон. Само неколку минути подоцна Одова ја затресе мрежата за водство на домашните.

Во второто полувреме следуваше целосен распад на турскиот состав. Корби, Деле и Лизеш постигнаа уште три гола и го претворија натпреварот во убедлив триумф на Ференцварош.

Трабзонспор од 57. минута остана со дури деветмина на теренот, откако Кабрал заработи втор жолт картон и мораше предвреме да замине во соблекувалната.

Мохамед Салах беше заменет во 64. минута, но египетската ѕвезда речиси и да не остави трага на натпреварот. Така, Трабзонспор остана без Лига Европа и ќе мора да го продолжи европскиот пат во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×