Не е само Васкез: Јамал во својот дом поканил и порно актерка, исто така многу повозрасна! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Ламин Јамал повторно е во фокусот на јавноста, откако наводната врска со 12 години повозрасната Фати Васкез предизвика лавина реакции, а сега во приказната се појави и уште една девојка, која исто така има 29 години.

Станува збор за актерката од филмови за возасни, Клаудиа Бавел која тврди дека Јамал ја поканил да дојде во неговиот дом.

„Ми кажа да не се шегувам и да не обрнувам внимание на неговите години, туку само да дојдам кај него“, изјави Бавел, алудирајќи на тоа дека фудбалерот е сè уште малолетен.

Актерката објасни дека одбила да се сретне со шпанскиот репрезентативец токму поради неговата возраст, но истакна дека, доколку бил полнолетен, можеби и би размислила за таков чекор.

Очигледно по одличните настапи на теренот во текот на сезоната, Јамал продолжува да го привлекува вниманието на медиумите, сега поради сцени надвор од теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×