Не е само Џеко: И Тадиќ заминува од Фенербахче!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот капитен на српската репрезентација, Душан Тадиќ, по две сезони минати во Истанбул, им се заблагодари на навивачите на турскиот гигант Фенербахче и објави заминување од клубот. Во емотивна порака на социјалната мрежа Инстаграм, Тадиќ се збогуваше со клубот што, како што кажа му оставил неизбришлива трага во срцето.

„По две незаборавни години, време е да се простам од овој неверојатен клуб. Фенербахче секогаш ќе има посебно место во моето срце. Искрено сум благодарен на соиграчите, стручниот штаб и сите што работат зад сцената – вашата поддршка и посветеност многу ми значеа.

До неверојатните навивачи: ви благодарам за страста, љубовта и енергијата на секој натпревар. Никогаш нема да ги заборавам моментите што ги споделивме! На клубот му посакувам само успеси и среќа во иднина. Ќе ја имате мојата поддршка засекогаш!“, напиша Тадиќ.

Според пишувањата на медиумите, искусниот офанзивец би можел повторно да го облече дресот на Ајакс, клубот каде што ја одигра најдобрата фаза од кариерата, но се шпекулира и за крај на кариерата. Ќе потсетиме, претходно со Фенербахче се збогуваше и Един Џеко.

Фото: Fenerbahce

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани