Баерн Минхен набрзина се договори со Ник Волтeмаде, не е чудно што напаѓачот без многу размислување кажал ДА, покрај реномето на „баварците“ и можноста да се бори за сите трофеи, разликата во платата е огромна.
Ник Волтамаде е новото германско чудо, и како во многу други случаи, Баерн лесно ја победи конкуренцијата и постигна вербален договор со напаѓачот.
Не е чудно што Германецот без многу размислување кажа ДА, реномето на „баварците“ е огромно, во Минхен тој ќе може да се бори за сите трофеи, но и разликата во платата е огромна.
Штутгарт неодамна му понудил нов договор на Ник Волтeмаде според кој примањата ќе му се покачaт од 1,5 милиони евра, на 2,5 милиони евра по сезона.
Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, напаѓачот на „Алианц Арена“ само во бонуси ќе заработува 2,5 милиони евра, додека пак фиксниот дел изнесува 7,5 милиони евра.
Во Минхен, Ник Волтeмада ќе може да заработува околу 10 милиони евра по сезона, односно четири пати повеќе од она што може да го заработува во Штутгарт.
ФОТО: fb/VfB Stuttgart