Екипата на Барселона приреди вистински спектакл за навивачите со прославата низ улиците, а низ медиумте се издвојуваат сцени кои привлекуваа посебно внимание.
Фудбалерите и тренерскиот тим беа возени во отворен двокатен автобус, додека низ градот одекнуваа скандирања и аплаузи од илјадници навивачи кои излегоа да ја споделат радоста со своите херои.
Посебно воодушевување кај фановите предизвика гестот на тренерот Ханси Флик кој и во таква славеничка еуфорија не заборави да внимава на своите фудбалери.
„Флик е еден од најзаслужните за блескавата сезона на Барса. Беше дел од славеничката еуфорија, но остана доследен на својот стил, смирен, достоинствен и внимателен. Благодарение на него, Фермин можеше безгрижно да скока и слави на горниот кат од автобусот, без ризик да падне додека Флик го држеше“, забележува „Марка“.
Со оваа гест, Ханси Флик уште еднаш ја потврди својата репутација како лидер кој не само што победува, туку и се грижи за секој детал.
flick on dad duty because fermin can’t chill 😭😭 pic.twitter.com/bWSIRTr5po
— verona 🇦🇱 | visca barça sempre! (@baldearchive) May 16, 2025
Инаку на прославата видовме и сцена во која Иниго Мартинез и немаше среќа како Лопез па имаше незгода во која падна од автобусот, но за среќа помина без посериозни повреди – ТУКА.