Екипата на Барселона издоминира оваа сезона во шпанскиот фудбал. Каталонскиот гигант ја заокружи тројната круна освојувајќи ја Ла Лига два кола пред крајот на шампионатот, откако претходно ги освои и Суперкупот и Купот на Шпанијат.
Така вчера низ улиците на Барселона се одржа шампионската парада каде што на улиците ги пречекаа илјадници фанови.
Еден од најрасположените играчи на прославата беше Иниго Мартинез. Но, токму неговата опуштеност можеше да го доведе до сериозен проблем. Во еден момент, стоејќи на самиот раб од автобусот, Мартинез изгуби рамнотежа и падна долу. На снимката се гледа како паѓа на грб, но за негова среќа, шпанските медиуми пренесуваат дека можел да помине и многу полошо.