Обично во Саудиска Арабија заминаа фудбалери кои веќе оставиле некаков печат во Европа, одиграле доволно, па отидоа на печалба во оваа земја.
Но, ситуацијата на Габи Виега е поинаква. За него се интересираа многу големи клубови, а тој реши да оди во Саудиска Арабија.
„Не заминав во Саудиска Арабија за пари. Тоа беше најдобро решение за да се развивам како фудбалер, да напредувам под водство на млад тренер, тим полн со ѕвезди и лига која напредува како што е Саудиската лига. Максимално сум горд на мојот избор“, вели Габи Виега.
Ретко кој ќе поверува во вистината на овие зборови, бидејќи ако сакате да се развивате како фудбалер, местото ви е во Европа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.