НБА-ѕвезда со својата компанија стана малцински сопственик на ПСЖ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кевин Дурант, една од најголемите НБА ѕвезди на сите времиња, станува дел од фудбалското семејство на Пари Сен Жермен.

Американецот преку неговата компанија Boardroom Sports Holdings влезе како малцински инвеститор во актуелниот европски шампион, а договорот е постигнат со катарскиот сопственик на клубот – Qatar Sports Investments.

Дурант одамна е поврзан со парискиот гигант, често се појавува на нивните натпревари, но сега неговата поддршка добива и формална димензија. Од ПСЖ информираа дека НБА асот директно ќе поседува малцински удел, а соработката вклучува и развој на медиумски проекти, заеднички инвестиции, како и проширување на брендот на клубот во САД и пошироко.

Ова партнерство ќе биде од корист на обете страни, особено во делот на спортскиот раст и глобалната комерцијализација“, се вели во соопштението.

Фото: PSG/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×