Навреди, пцовки, туркање и влечење: Мбапе со еден коментар направил општ хаос по мечот Барса-ПСЖ

by
1 минути читање

ПСЖ во вторникот
славеше со 1-4 на гостувањето на „Монжуик“ и ја елиминираше Барселона во Лигата
на шампионите.

Радоста на
гостите беше огромна, а како што пренесува Мундо Депортиво, оредени играчи
малку претерале со славјето, па настанал општ хаос во тунелот кон
соблекувалните.

Во главна улога
бил Килијан Мбапе, кој на шпански викал на цел глас „Ова е фудбал, и треба да
зборуваме на теренот!“.

Играчите на Барселона
ова го протолкувале како провокација, па тргнале да се пресметуваат со
напаѓачот.

Мундо Депортиво
пишува дека во мешаницата учестувале преку 60 луѓе (играчи, луѓе од тренерскиот
персонал и обезбедувањето), биле разменети навреди и пцовки, дошло до туркање и
влечење, но не се случил посериозен физички контакт.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани