Навивачот кој го удри Грејлиш ја доби казната, 14 недели во затвор и 10 години не смее да стапне на стадион

by
0 минути читање

Пол Мичел веднаш беше уапсен и ставен во притвор, а денеска експресно ја доби и казната.

Мичел доби казна затвор од 14 недели и десетгодишна забрана за посетување на било кој стадион во Англија. Дополнително треба да плати трошоци од 350 фунти, како и на Грејлиш да му плати компензација за ударот од 100 фунти.

Претходно клубот му даде доживотна забрана за посетување на стадионот на Бирмингем.

За потегот на Мичел да биде уште поглуп е фактот што Астон Вила го доби мечот токму со гол на Грејлиш кој беше нападнат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×