Атлетико Мадрид се распрашува за ангажман на Џонатан Дејвид од Јувентус, па се отвара вратата за трампа со Александер Сорлот, кој подолго време е на радарот на „старата дама“.
Лучано Спалети сака уште едно засилување за офанзивата, и Јувентус активно бара напаѓач со поинакви карактеристики од Рандал Коло Муани.
На врвот на листата со желби е Александар Сорлот, но проблем е што „старата дама“ во моментов нема доволно простор во составот за да го донесе Норвежанецот.
Сепак, во последните денови од преодниот рок би можел да се отвори патот за еден ваков трансфер откако Атлетико Мадрид пројави интерес за Џонатан Дејвид.
Популарните „колчонероси“ стапиле во контакт со Јувентус, и иако во моментов нема официјални преговори, биле побарани информации за условите под кои може да се реализира трансферот.
Самиот Џонатан Дејвид е отворен за преселба во Шпанија доколку добие примамлив предлог.
Па се шпекулира за можноста да биде направена трампа, односно Џонатан Давид да се пресели во Мадрид, а Александар Сорлот да заврши во Торино, и на овој начин двата клуба да ги добијат засилувањата кои ги сакаат.