Навивачите во Англија во октомври ќе се вратат на трибините

by
1 минути читање

Планот е од први август да се почне со пробни полнења на одредени стадиони, а од октомври да се отворат сите стадиони за фудбал и за крикет во Англија.

„Ќе почнеме пробно со поголеми собири како спортски стадиони со цел комплетно да се отворат на есен“, вели Борис Џонсон.

„Од октомври имаме намера публиката да се врати на стадионите“.

„Но овие промени ќе мора да бодат по некои ковид стандарди, кои ќе ги дефинираме во пробните собири“.

Дополнително ќе биде дефиниран протоколот по кој ќе се враќа публиката на стадионите, но се верува дека ќе има значителен број на мерки кои ќе треба да ги исполнат стадионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×