Енис Барди синоќа
се запиша во листата на стрелци и помогна Трабзонспор со убедливи 4-0 да слави во
пресметката со Монако.
Во 57. минута од
мечот, домаќините добија прекршок на работ од шеснаесетникот, Енис Барди
превзеде одговорност и итро биеше под живиот ѕид за 3-0.
„Знаев дека живиот
ѕид се подготвува да скокне, не видов никого дека легнува зад нив па си реков
дека ќе шутирам по земја… и испадна онака како што очекував“ – го образложи
својот потег Енис Барди.
Мајсторијата на
Македонецот денеска доби признание и од навивачите, па Енис Барди го има
најубавиот гол оваа неделата во Лига Европа.
The #UEL Goal of the Week winner is…@Heineken | #UELGOTW pic.twitter.com/CDsAbebD1X
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 14, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.