Челси минатата
недела врзаа два големи порази, прво загубија од Ливерпул на Енфилд со 4-1, а
потоа доживеја пораз дома од Вулверхемптон со 2-4. „Сините“ се на 11та позиција
на табелата, па расте незадоволството кај навивачите.
На синоќешното
гостување кај Астон Вила, на почетокот од натпреварот, навивачите на Челси го
скандираа името и презимето на поранешниот сопственик Роман Абрамович.
По крајот на
средбата, Маурисио Покетино им порача дека не можат да се споредуваат со тој
тим, кој доминираше и освои пет титули во Премиерлигата, и покрај тоа што во две години потрошија над 1 милијарда фунти под водство на новиот сопственик Тод Боли.
„Треба да
престанеме да мислиме дека сме Челси од последните 20 години. Повеќе не сме тој
тип на Челси. Потребено е да продолжиме и да го креираме овој проект. Не ми е
гајле дали луѓето се среќни или не се среќни од она што го кажувам. Се грижам
за клубот, за играчите, сакам да им помогнам“ – вели Аргентинецот.
„Ќе се бориме, гајле
ми е што зборуваат луѓето. На ваков тим проект му е потребно време и доверба.
Потребно е да се корегираат многу работи. Градиме проект и потребна е година,
две или три“.
„Денеска видовте
дека сме подготвени за борба. Се бориме за фановите, за грбот на клубот, за
тренерскиот персонал. Сега предизвикот е да бидиме конзистентни“.
Челси синоќа ја
доби Астон Вила со 1-3 и се пласираше во осминафинале во ФА Купот, Галагер и
Џексон најавија победа по дваесетина минути игра, а Енцо Фернандес со страшен
гол од слободен удар го потврди славјето.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.