Навивачите на Рома го навредуваа Станковиќ, Мурињо ги смируваше (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Станковиќ реагираше жестоко кога Сампдорија доби црвен картон, а тоа ги повлече навивачите на Рома да почнат да скандираат со навредливи зборови кон српскиот стратег. 

Веднаш стана Жозе Мурињо и им рече да престанат. По натпреварот Станковиќ му се заблагодари на Португалецот со кој заедно ја освои тројната круна во Интер.

А со изјава се јави и Мурињо: „Не треба да ми се заблагодарува, тоа го направив за голем човек и пријател. Јас сум бил навредуван многу пати на различни навивачи на стадиони секаде во светот, изградив ѕид околу мене за заштита и сигурен сум дека и Деки го прави истото“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×