Последните копачки на Адидас, „Х Спидпортал“ имаат зелена боја и голем дел од фудбалерите на Лион ги носат.
Но најжестоките фанови на клубот, бараат од фудбалерите да ја почитуваат нивната традиција и да престанат да ги носат зелените копачки.
Причината е едноставна. Најголем ривал на Лион е Сент Етјен, нивната боја е зелена. Па за навивачите на Лион таа боја е непријателска и тие не сакаат нивните фудбалери да носат било што во зелена боја.
Но, нема да биде лесно, дел од фудбалерите имаат договори со Адидас според кои мораат да ги носат токму тие копачки.
Поранешниот играч на Лион, Сиднеј Гову кој освои седум титули со клубот, на еден натпревар и на три тренинзи облекол зелени копачки. Тогаш тренерот и челниците на клубот му рекле да не го прави веќе тоа бидејќи бојата потсетува на нивниот ривал Сент Етјен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.