Интер преговараше со Челси за целосно да го откупи Лукаку, но тогаш дозна дека тој водел тајни преговори со Јувентус. Тоа беше голем удар за навивачите, неочекувано предавство од напаѓачот кој веќе еднаш им се имаше извинувано.
Предавството на Лукаку ги вознемири не само навивачите, туку и фудбалерите и раководството на Интер. Ќе биде интересно да се види неговото прво појавување таму како противнички фудбалер.
Ако се биде според планот, Лукаку против Интер во Милано треба да игра на 29. ноември, а ултрас фановите веќе смислија како ќе го пречекаат.
Пред мечот со Рома, тие ќе поделат 50.000 сврирчиња на навивачите на Интер кои ќе бидат на натпреварот. При секој допир со топката на Лукаку, треба да му свират и да му го направат мечот пеколен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.