Весли Фофана уште
на стартот на подготовките заработи тешка повреда, Французинот ги скина
лигаментите на коленото и ќе паузира до следната година, па Челси почна да крои
планови за ангажман на нов дефанзивец.
Се пишуваше за
шокантен трансфер на Хари Мегваер, но навивачите на Челси можат да здивнат,
Англичанецот кој често знае да киксира нема да пристигне.
Атлетик објави
дека „сините“ со Монако си подале рака за трансфер на Аксел Дисаси и зделка
вредна 38 милиони фунти (околу 45 милиони евра).
25 годишниот Французин
во следните денови ќе стане третото големо засилување за Маурисио Покетино ова
лето по Николас Џексон и Кристофер Нкунку.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.