Кристијано
Роналдо вчера се врати во Манчестер, во придружба на својот агент се сретна со
раководството на клубот и како што пренесуваат медиумите, напаѓачот уште еднаш кажал
дека сака да замине.
Во последно време
Португалецот се поврзува со Атлетико Мадрид, но претседателот на „колчонероси“,
Енрико Серезо вчера порача дека е практично невозможно да се случи една ваква
зделка.
Попладнево и
навивачите на Атлетико Мадрид кажаа што мислат за трансфер на Кристијано
Роналдо.
„Колчонероси“ го
играат првиот тест натпревар ова лето и позади едниот гол беше поставен транспарент
на кој пишуваше „ЦР7 не е добредојден“. Tранспaрант со иста содржина беше поставен и пред
стадионот, кој од оваа сезона ќе се вика „Сивитас Метрополитано“.
@Cristiano NOT WELCOME pic.twitter.com/TotDazyTzk
— Frente Atlético (@FA82Oficial) July 27, 2022