Навивачите бесни на Венгер, Венгер бесен на судијата

by
1 минути читање

Арсенал со вкупни 10-2 доживеа елиминација од Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите, на тимот не му оди најдобро ниту во Премиерлигата, а во летниот преоден рок се очекува и да ги загубат своите најголеми ѕвезди.

Се поголем број на навивачи бараат Венгер да замине од клубот и да се случи вистински ремонт на тимот. Притисокот врз францускиот стратег е голем, а тој вината за поразот ја бара во судијата.

При водство од 1-0 Арсенал можеше да добие пенал по фаул на Чаби Алонсо врз Волкот но тоа не се случи. Но во 53. минута Левандовски кој беше во офсајд позиција беше фаулиран од Косчиелни. Судијата досуди пенал и најпрво му покажа жолт картон на дефанзивецот на Арсенал, но по препорака од помошникот го исклучи.

Потоа следуваше вистински дебакл на Арсенал, уште еден пораз од 5-1.

„Одигравме со дух и гордост како што сакавме. Но потоа приказната заврши лошо. Немавме среќа бидејќи во првото полувреме при водство од 1-0 не ни беше досуден чист пенал над Волкот. Во второто полувреме судијата го уби натпреварот. Левандовски беше во офсајд и тоа не беше пенал, но не само тоа, добивме и црвен картон кој комплетно не уништи“ – вели Венгер.

„Баерн е добар тим, но можат да му се заблагодарат на судијата за одлуките. Многу сум лут и фрустриран поради тоа. Уште повеќе бидејќи сме во тежок период. Ова е апсолутно необјасниво и скандалозно. Фудбалерите не ме изневерија. Судијата не победи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани