18
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе имаше солидна индивидуална сезона во дресот на Реал Мадрид, постигнувајќи 42 погодоци, иако тимот остана без освоен трофеј што секако неуспех за гигант како „кралевите“.
И покрај критиките што ги добиваше во завршницата од сезоната, Мбапе на крајот беше награден со признанието за најдобар играч на сезоната во клубот, како еден вид утеха за неговиот учинок.
Во текот на сезоната, напаѓачот настапи на 44 натпревари во сите натпреварувања, при што покрај 42-те голови забележа и седум асистенции, потврдувајќи ја својата голгетерска ефикасност и покрај тимските неуспеси.