Навивачите на Милан имаат јасна порака за Американците: Одете си дома! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Милан вечерва го играат последниот натпревар од сезоната против Монца, а во него навивачите имаа порака до сопствениците на клубот.

Разочарани од слабите игри и уште повеќе од начинот на водење на клубот, навивачите на Милан вечерва испратија силна порака до управата. На трибините беше направена специјална кореографија кога дел од навивачите демонстративно се повлекоа со цел да се испише „Go Home“

Ситуацијата во клубот не изгледа оптимистички. Пропуштената шанса за настап во европските купови дополнително ќе го намали буџетот за нови засилувања, а токму тоа е причината поради која навивачите не гледаат светла иднина со актуелното раководство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани