Навивачите на Ливерпул предизвикаа вистински земјотрес на мечот за титула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул стана шампион на Премиер лигата, а славјето на „Енфилд“ буквално го затресе тлото – навивачите направија толку силна фешта што научниците регистрираа серија мали земјотреси.

Тимот на Јирген Клоп ја освои својата 20. шампионска титула, втора во последните пет години, но прва во ерата на Премиер лигата која беше прославена пред полни трибини.

Научниците од Универзитетот во Ливерпул со специјална опрема го следеа движењето на тлото, а најсилниот потрес го забележале во 24. минута, кога Алексис Макалистер стрелаше за 2-1. Во тој момент, сеизмолошките инструменти измериле потрес од 1.74 степени по Рихтер.

Слични сигнали сме виделе и на концерти и спортски настани изминативе години. Минатата година ваков потрес регистриравме и на концерт на Тејлор Свифт“, објаснува Калум Харисон од Британскиот геолошки институт.
Иако енергијата наликува на вистински земјотрес, овие вибрации се резултат на синхронизирано скокање на илјадници луѓе“, додава тој.

Професорот Бен Едвардс, дел од научниот тим што ја следел ситуацијата на „Енфилд“, нагласува: „Ентузијазмот на навивачите беше толку силен, што буквално ја помести Земјата“.

Втор најсилен потрес се случил по погодокот на Салах – 1.60 степени, потоа следи голот на Гакпо со 1.03 степени, а автоголот на Удоги предизвикал потрес од 1.35 степени по Рихтер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани