Навивачите на Лидс го навредуваа својот фудбалер бидејќи е Израелец

by 24 фудбал
1 минути читање

Навивачите на Лидс Јунајтед упатија навреди кон фудбалерот Манор Соломон, иако игра во нивниот омилен клуб.

Напаѓачот доби навреди бидејќи е Израелец, а навивачите преку песни и скандирања го навредуваа на национална основа. Тие застанаа во одбрана на Палестина поради воениот конфликт кој се одвиваше во појасот Газа.

Клубот мораше да реагира и застана во одбрана на својот фудбалер преку официјално соопштение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани