Навивачите на Билбао уништија мурал со ликот на Вилијамс, се огласи неговиот брат (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Oдличниот шпански фудбалер Нико Вилијамс кариерата како што стојат работите ќе ја продолжи во Барселона, а со тоа ги налути фановите на Атлетик Билбао.

Вилијамс „преку ноќ“ од миленик стана некој кој не е омилен помеѓу фановите на клубот од Баскија. Доказ за тоа е и уништениот мурал со неговиот лик.

„Заминувај и остани далеку. Ја изгуби нашата почит“, пишува на местото кадеш то претходно беше ликот на Вилијамс.

Поради целата ситуација се огласи и неговиот брат Инаки кој остана член на Билбао.

„Зад ваков ваквото непочитување секогаш стои некој толку мал што не може да си го покаже своето лице“, објави Инаки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×