Навивачите на Албанија во провокациите кон Србија ја вмешаа и Македонија!

by Стефан
1 минути читање

Иако фудбалот треба да биде спорт што обединува, на Балканот и натаму останува поле за националистички пораки и провокации. Така беше и денеска во Тирана, каде што репрезентациите на Албанија и Србија се среќаваат на стартот од квалификациите за Светското првенство 2026.

Натпреварот беше искористен како сцена за демонстрација на националистички ставови. Во центарот на главниот град на Албанија, еден од истакнатите албански активисти се појави со албанско знаме на кое беа испишани имиња на градови од соседните земји – вклучително и од Македонија – како дел од наративот за „Голема Албанија“.

Меѓу споменатите места се најде и Дебар, град од западна Македонија, кој, според ваквите претстави, наводно треба да биде дел од албанската држава. Настанот предизвика реакции, но за жал, не изненади, со оглед на зачестените обиди спортот да се искористи како платформа за политички и етнички пораки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани