Ливерпул денеска официјално објави дека младиот десен бек Конор Бредли ставил потпис на нов договор со клубот, со важност до летото 2029 година.
Перспективниот дефанзивец, кој сезонава забележа 27 настапи во сите натпреварувања, не ја криеше радоста по продолжувањето на соработката.
„Голема чест е и сум многу горд што потпишав нов договор. Сега останува само напорно да продолжам да работам и да ја оправдам довербата“, изјави Бредли и додаде:
„Целта ми е да играм уште повеќе натпревари и да освојувам трофеи. Тоа е суштината на фудбалот, да бидеш успешен и да победуваш. Колку повеќе трофеи, толку подобро и за мене и за тимот. Се надевам дека не чекаат убави години во овој клуб“, изјави Бредли.
Бредли пристигна во Ливерпул уште во 2019 година, како дел од академијата, а првиот професионален договор го потпиша летото 2020. Своето фудбалско созревање го продолжи преку позајмица во Болтон, откако дебитираше во Лига Купот против Норич во сезоната 2021/22.