Навивачите го молат Кукуреља да не исполни едно од ветувањата за триумф на Светското првенство

by bojan
1 минути читање

Левиот бек на Шпанија, Марк Кукуреља вети дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис де Ла Фуенте доколку „црвената фурија“ триумфира на мундијалот во САД, но навивачите се загрижени и за една изјава, која веројатно беше дадена на шега.

Марк Кукуреља оваа недела даде лудо ветување, левиот бек порача дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте доколку Шпанија го освои Светското првенство.

По триумфот од 1-0 над Аргентина во финалето, левиот бек рече: „Сега останува само да одлучам каде ќе го истетовирам Луис де ла Фуенте! Сакам тетоважата да биде на видливо место. Ќе размислам за тоа за време на летото до дома“

Новиот фудбалер на Реал Мадрид потоа на социјалните мрежи побара и препорака за тату-артист што би можел да ја реализира идејата.

Но навивачите на „црвената фурија“ повеќе се загрижени за едно друго ветување, и почнаа да го молат Марк Кукуреља да не го исполнува.

Имено, левиот бек најави дека ќе се повлече од репрезентацијата доколку го постигне трофејот во САД.

„Доколку го освоиме Светското првенство, веќе следниот ден ќе му се јавам на Де ла Фуенте и ќе му кажам дека завршувам со настапите за националниот тим, да не смета на мене во иднина. ПО освоено Европско и Светско првенство, тешко дека може да се посака повеќе“.

Но оваа изјава беше дадена со насмевка на лицето, веројатно беше и шега и навивачите ќе продолжат да го гледаат Марк Кукуреља во боите на Шпанија.

ФОТО: X/Selección Española Masculina de Fútbol

Можно е и ова да ти се допаѓа

×