Навивачи на Јужна Кореја во четири наутро го чекаа селекторот на аеродром за физички да се пресметаат (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Елиминацијата на Јужна Кореја уште во групната фаза на Светското првенство предизвика голем гнев кај навивачите, кои жестоко ја пречекаа репрезентацијата по враќањето во татковината.

На аеродромот во Инчон се собраа голем број револтирани навивачи кои со свирежи и скандирања против Мјунг Бо Хонг го дочекаа националниот тим, иако селекторот веќе поднесе оставка.

Поради страв од инциденти, властите ангажираа околу 160 полицајци, а според азиските медиуми, Хонг по елиминацијата добивал и сериозни закани.

Јужна Кореја го заврши настапот на Мундијалот со три освоени бода и не успеа да избори место во нокаут фазата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×