Навивачи на БиХ со часови чекале на мост за само на секунда ги поздрават своите миленици (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Босанската дијаспора во Канада приреди необичен пречек за фудбалската репрезентација при нивното пристигнување во Торонто.

Група навивачи се собраа на мост над автопатот по кој репрезентативците се движеле од аеродромот кон хотелот. Со знамиња, навивачки реквизити и песни посветени на Босна и Херцеговина, тие со часови го чекале автобусот за да ги поздрават своите миленици.

И покрај тоа што автобусот не застанал за директна средба, атмосферата меѓу присутните не беше нарушена. Напротив, со аплаузи и гласни извици тие им упатиле силна поддршка на фудбалерите додека поминувале.

Босна и Херцеговина на Светското првенство ќе настапи во група со домаќинот Канада, како и селекциите на Катар и Швајцарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×