Навивачи на Арсенал залутаа на погрешна трибина, па домаќините ги истепаа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тензична атмосфера го одбележа натпреварот меѓу Вест Хем и Арсенал во Премиер лигата, откако на трибините избувна инцидент меѓу навивачите на двата клуба. Арсенал славеше со 1-0 и направи важен чекор во трката за титулата, но по погодокот на Леандро Тросар настана хаос на трибините на „Лондон Стадиум“.

Според англиските медиуми, дел од навивачите на Арсенал успеале да набават билети во секторите наменети за домашните фанови, а нивната прослава по голот ги открила меѓу навивачите на Вест Хем.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како домашни навивачи туркаат и удираат помала група гости, по што реагирале редарите и обезбедувањето за да спречат поголем инцидент. Ситуацијата брзо се смирила, а засега нема информации за потешко повредени лица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×