Лионел Меси повторно се најде во центарот на вниманието, откако неговиот Интер Мајами беше поразен со 2-0 од Ванкувер Вајткапс на првиот натпревар од полуфиналето на Конкакаф Лигата на шампионите 2025. Разочаран од исходот, аргентинската ѕвезда го напушташе теренот на стадионот во Ванкувер, кога еден навивач се појави пред него со дресо од Кристијано Роналдо сакајќи да го испровоцира.
Снимките објавени на ТикТок и на социјалната мрежа „Х“ покажуваат како Меси за момент застанува, забележувајќи го дресот, по што нервозно одговара:
„Јас сум број еден, оди гледај го него во Саудиска Арабија“, искоментирал видно вознемирениот Меси, пренесува „Беин Спортс“.
Инцидентот се случи веднаш по крајот на натпреварот, во моменти кога Меси и неговите соиграчи се упатуваа кон соблекувалната.