Навивач на Манчестер јунајтед одбива да се шиша додека неговиот тим не врзе пет победи во низа

by Стефан
15 минути читање

Пред четири месеци еден навивач на Манчестер јујнајтед започна интересен предизвик и најави дека нема да се шиша се додека неговиот клуб не врзе пет победи во низа.

Манчестер јунајтед игра уште една лоша сезона, па овој навивач се соочува со сериозни проблеми бидејќи неговата коса е се поголема.

На својот Инстаграм профил тој објавува новости за ситуацијата и вчера беше 118 ден од почетокот на предизвикот кој го започна. Но, во овој момент е блиску да ја скрати косата.

Имено, Манчестер јунајтед е во серија од три победи против: Ренџерс, Фулам и ФЦСБ, а во следните два натпревари избраниците на Аморим играат против Кристал Палас и Лестер. За навивачите тоа се натпревари во кои тимот треба да слави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани