Навивач на Лајпциг починал на стадион, германскиот фудбал тагува

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот фудбал вчера беше завиен во црно, откако навивач на Лајпциг почина непосредно пред натпреварот од Купот на Германија против Енерџи Котбус.

Несреќата се случила веднаш по неговото влегување на стадионот. Му се слошило, а медицинските екипи веднаш реагирале и го пренеле во болница, но таму лекарите само можеле да констатираат смрт.

Тажната вест брзо пристигнала назад на стадионот. Клубот од Лајпциг официјално ги информираше домашните и гостинските навивачи пред да започне натпреварот. Поради трагедијата, беше договорено да нема навивачки песни и вообичаена атмосфера која често го следи клубот на гостувањата. Трибините останаа тивки, а играчите на двата тима излегоа на теренот со тага и видлив шок поради случувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×