Навивач на ПСЖ избоден од ултраси на Милан, се наоѓа во критична состојба! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вечерва од 21 часот Милан го пречекува ПСЖ во меч од Лигата на шампионите, а пред натпреварот се случуваат инциденти меѓу двете навивачки групи.

„Кориере дела Сера“ и „Газета дело Спорт“ објавуваат дека навивачот на ПСЖ е во критична состојба откако бил избоден од фанови на Милан изминатата ноќ.

Двата медиуми пишуваат дека повеќе од 50 ултрас навивачи нападнале фанови на ПСЖ кои биле во баровите и ноќните клубови.

Фанов на ПСЖ бил двапати избоден со нож во ногата и веднаш бил пренесен во болница во критична состојба.

Еден полициски агент исто така бил избоден, а еден француски навивач уапсен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×