Навас: Овој трофеј е за Хозе Антонио Рејес

by
1 минути читање

Севиља е специјалист за освојување на трофејот од Лига Европа, шесто финале, шеста титула, овој пат го победија Интер со 3-2.

По мечот Навас со многу емоции, со солзи во очите ја даде изјавата.

„Да се крене овој трофеј како капитен на мојата Севиља ми значи премногу, ова е за моите пријатели кои не се тука веќе меѓу нас, како Хозе Антонио Рејес“, вели Навас.

„Го заслуживме трофејот. Се боревме цела година, имавме потешкотии како и сите други, но излегувавме од нив, од ден на ден станувавме подобри. Фановите го заслужија тоа, сега треба да уживаме“.

Во центарот на вниманието беше и Лопетеги, тренерот кој доби отказ како селектор на Шпанија на само два дена пред почетокот на Светско првенство, а потоа и од Реал Мадрид за кратко време беше отпуштен.

„Лопетеги работи 24 часа во денот за Севиља, тој го извади најдоброто од нас“, заврши Навас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×