Навас го остави дресот и капитенската лента од последниот меч во музејот на Севиља! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Хесус Навас во саботата го одигра последниот натпревар за Севиља на „Санчез Писхуан“, тоа беше дуелот против Селта кој го добија со 1-0.

По натпреварот легендарниот Навас ја остави капитенската лента и дресот во витрините од музејот на Севиља кој се наоѓа во стадионот.

Навас е најголема легенда на Севиља, тој е фудбалерот со најмногу натпревари за овој тим и најмногу трофеи.

Последниот натпревар на Навас за Севиља ќе биде во следното коло кога тие му гостуваат на Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани