Натпреварот меѓу Наполи и Салернитана е поместен, нема да се игра во сабота

by
1 минути читање

Натпреварот меѓу Наполи и Салернитана беше закажан за во сабота со почеток од 15 часот. Но градоначалникот на Неапол од безбедносни причини побарал дуелот да се премести за недела кога е неработен ден.

Серија А го прифатила барањето на Наполи, натпреварот ќе се игра во недела, само уште не е дефинирано во колку часот.

Интересот за овој натпревар е огромен, се бара билет повеќе бидејќи по овој меч можеби ќе се прославува освојувањето на Скудетото.

Промената на денот е идеално решение за фановите на Наполи бидејќи од натпреварот кој ќе се игра тој ден меѓу Интер и Лацио ќе зависи дали победа против Салернитана ќе им го донесе Скудетото.

Доколку Лацио не го победи Интер, а Наполи ја совлада Салернитана, тие и официјално ќе станат шампиони на Италија.

Мечот меѓу Интер и Лацио се игра во недела од 12:30 часот, Наполи и Салернитана сигурно ќе биде подоцна од овој дуел, во најлош случај во ист термин.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×