743
Чудна ситуација доаѓа од финалетот на Купот на Рашинскиот округ во Србија, каде што играа Језеро 2017 и Трстеник ППТ.
Имено, овој натпревар траеше само 49 минути и потоа судијата означил крај. Делегатот во записникот навел дека се било во ред и немало никакви проблеми, нереди или прекини, а тоа предизвика сомнеж.
Српскиот фудбалски сојуз го испита случајот и откако утврди неправилности сериозно ги казни актерите.
Двата клуба ќе платат по 850 евра казна, а исто така се исфрлени од овој куп на две години. Челниците на клубовите добија забрана за вршење функција во фудбалот на шест месеци, а сите судии исто така се суспендирани на половина година.