Наследничката на Рајола со храбра прогноза: Халанд ќе биде првиот трансфер од 1 милијарда

by
2 минути читање

Иако само неколку месеци е играч на Манчестер Сити, веќе на големо се зборува за иднината на Ерлинг Халанд, за неговите откупни клаузули и кој би можел да биде следниот клуб каде што ќе игра.

Неговата агентка Рафела Пимента која го презема Халанд од починатиот Мино Рајола, смета дека Ерлинг ќе биде првиот фудбалер кој ќе чини околу милијарда евра.

„Тој ќе биде првиот фудбалер кој ќе биде продаден за околу милијарда евра“, вели Пимента во интервју со Џанлука Ди Марцио.

Таа ја оправдува оваа сума со тоа што вели дека тој веќе вреди толку доколку се земат сите параметри: „Неговата фудбалска вредност, неговата имиџ вредност, неговата спонзорска вредност и неговото влијание на пазарот“.

Во интервјуто Пимента не ја отфрли и можноста следен клуб на Халанд да биде Реал Мадрид.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани