Рафаела Пимента
повеќе од 20 години соработуваше со Мино Рајола, а откако контроверзниот агент
почина оваа година, таа ја наследи неговата империја.
Во разговор со
Марка, Рафаела Пимента откри која ќе биде следната трансфер бомба.
„Тоа ќе биде Чави
Симонс. Веќе е дел од сениорскиот тим на Холандија, дури и јас не замислував
дека ќе оди на Светското првенство“ – вели адвокатката од Бразил.
Чави Симонс беше
еден од најталентираните играчи во школата на Барселона, но Мино Рајола ги
остави „каталонците“ со празни раце и го однесе момчето во ПСЖ.
Изминатово лето,
Чави Симонс наместо да потпише нов договор со „светците“, реши да го одбере
ПСВ, потег кој се покажа како исправен. Фудбалерот од средниот ред веднаш се
наметна кај клубот од Ајндховен и прикажува одлични партии.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.