Наследничката на Рајола не била на „Бернабеу“ за да договори трансфер на Халанд, Реал мерка нов талентиран Бразилец

by
1 минути читање

Се верува дека во летото во 2024 година се активира откупна клаузула во договорот на Ерлинг Халанд, одредени извори пишуваат дека таа е поволна за Реал Мадрид, па Рафаела Пимента синоќа привлече големо внимание со своето присуство на „Сантијаго Бернабеу“.

Многумина ова го протолкуваа како опипување на терен за трансфер на Ерлинг Халанд во Реал Мадрид, но за кратко време пристигна демант.

„Неколку пати сум била тука, нема разговори со Перез за Халанд“ – порача Рафаела Пимента.

Медиумите од Бразил пак пишуваат дека „кралевите“ на ум имаат друг голгетер, станува збор за Маркос Леонардо, кој со 21 погодок оваа сезона го привлекол вниманието на многу клубови во Европа.

Глобо објави дека на „Сантијаго Бернабеу“ покрај Рафаела Пимента бил и Фернандо Брито, агентот на Маркос Леонардо, па тоа е индикатор дека се „крчка“ трансфер на 20 годишниот напапаѓач на Сантош.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×