Дибала денеска бил ставен под ултразвук кој ја потврдил повредата на левиот квадрицепс. Тежината на повредата и колку ќе биде отсутен од терените ќе се знае по утрешните тестови.
Рома се надева дека тој ќе се опорави за 25-30 дена, но за ваков тим на повреди се отсуствува меѓу четири и осум недели. Тоа би значело дека Дибала ќе ги пропушти сите натпревари за Рома до Светското првенство, а ќе се трка со времето за настап на Мундијалот во Катар.
До Светското првенство, Рома има уште девет натпревари во сите натпреварувања.
По утрешните тестови ќе биде појасно за колку тешка повреда се работи и дали Дибала ќе го пропушти Мундијалот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.