Се чини дека додека Руди Гарсија е тренер на Наполи, Елиф Елмас нема да се изнаигра, барем таков е впечатокот по седум одиграни кола во Серија А. На денешниот меч македонскиот фудбалер воопшто и не влезе од клупата за резерви.
На клупата беше и Осимен, но напаѓачот влезе со самиот почеток на вториот дел и постигна гол за предност од 2-0. Тој е стрелец на два меча по ред откако се налути поради ТикТок видеата кои ги пласираше клубот.
Резултатот го отвори Остигард во 16. минута, третиот гол беше дело на Гаетано во 88. минута, по само пет минути откако влезе во игра. Конечните 4-0 за Наполи ги постави Политано од пенал во судиското продолжение.
Osimhen loves to score came from the bench to extend Napoli’s lead. pic.twitter.com/i7L06OeCjP
— Leagues Reporter (@LeaguesReporter) September 30, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.