Наполи тргна да ги троши парите од Елмас, Де Лаурентис испратил конкретен предлог за ангажман на Самарџиќ

by
1 минути читање

Трансферот на Елиф Елмас во РБ Лајпциг официјално беше потврден вчера, Македонецот се пресели во редовите на „биковите“ во зделка вредна околу 25 милиони евра.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Наполи веднаш тргна да ги троши парите од Елиф Елмас.

Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис стапил во контакт со колегите од Удинезе и доставил вербален предлог за ангажман на Лазар Самарџиќ.

Актуелниот шампион на Италија е подготвен да плати 19 милиони евра, плус додатни 4-5 милиони во бонуси за да го донесе 21 годишниот Србин во своите редови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×