Наполи се надева дека ќе го добие Роналдо и без да го продаде Осимен

by
1 минути читање

Првичната идеја беше Манчестер јунајтед да го купи Виктор Осимен за 100 милиони евра, а Роналдо да отиде на позајмица во Наполи.

Сепак, Манчестер јунајтед денеска го комплетира трансферот на Антони вреден 100 милиони евра, па нема да можат да инвестираат уште толку и во Осимен. 

Тоа значи дека напаѓачот на Наполи ќе остане во клубот, освен ако зделката не биде решена со позајмица со обврска за откуп следната сезона со цел да се одложи плаќањето на една година.

„Газета“ пишува дека ангажманот на Антони значи дека Роналдо нема да оди во Наполи, но „Тутоспорт“ и „Кориере“ тврдат дека тој може да отиде во италијанскиот клуб без разлика што ќе се случи со Осимен.

Мендеш разговара со Наполи и Де Лаурентис и се обидува да најде формула за платата на Роналдо која во најголем дел треба да продолжи да му ја дава Манчестер јунајтед.

Течат последните три дена од преодниот рок, па многу брзо треба да се знае дали Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед или ќе се пресели во Наполи, засега трета опција нема.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×